Ова не го бранеа ниту двајца: Страшен гол на Алхасан од Шкендија со Тиквеш! (ВИДЕО)

Екипата на Шкендија игра против Тиквеш во Купот на Македонија, а мечот во Тетово го одбележа еден погодок во првото полувреме кој беше феноменален.

Пред финишот на првиот дел, Адаму Алхасан од Шкендија даде гол за паметење. Можеби најдобриот во Купот на Македонија оваа сезона. Играчот на тетовчани со „бомба“ од далечина го совлада дотогаш одличниот Стефан Тасев.

Погодокот на Алхасан ќе конкурира за еден од најубавите оваа сезона во македонскиот фудбал.