Ова мора да го видите: Голман даде гол од 90 метри! (ВИДЕО)

На натпреварот од уругвајското првенство помеѓу Серо Ларго и Ливерпул од Монтевидео, фудбалската публика беше сведок на редок и речиси неверојатен момент, гол постигнат од голманот на Серо Ларго, Џино Сантилјо, директно од неговиот шеснаесетник.

Средбата се одигра на тежок и влажен терен, што се покажа како клучен фактор за еден од најневообичаените голови во последните години. Сантилјо упати долг дегажман со намера да ја исфрли топката подалеку од својот гол и да ја смири играта. Но, поради непредвидливиот одскок на топката, таа доби дополнително забрзување и го изненади голманот на Ливерпул, Себастијан Лентинели.

Настанот веднаш стана хит на социјалните мрежи и привлече внимание на спортската јавност ширум Јужна Америка. Овој момент не беше само куриозитет, туку и клучен за исходот на натпреварот. Со овој триумф, Серо Ларго успеа да го совлада актуелниот лидер на шампионатот и да направи голем чекор напред во борбата за подобра позиција на табелата.