Ова го има само на Балканот: Фудбалски клуб по петти пат ангажира ист тренер!

Владимир Гаќиновиќ е старо-нов тренер на Спартак, потврди српскиот суперлигаш од Суботица.

Претпоследниот клуб во суперлигашката табела неодамна се раздели со Милош Крушчиќ, а на негово место пристигна стручњак кој е добро познат во овој клуб.

„Им благодарам на претседателот и на управата на клубот за укажаната доверба. Оваа покана ја прифатив со голем ентузијазам. Навикнат сум на сложени ситуации и со нетрпение го очекувам предизвикот заедно да излеземе од резултатската криза. Цврсто верувам во квалитетот на овој тим и способностите на секој поединец. Ќе дадеме сè од себе за да постигнеме најдобри можни резултати“, изјави новиот шеф на стручниот штаб Гаќиновиќ.

Инаку, оваа вест немаше да биде толку атрактивна, доколку не се земе предвид фактот што Гаќиновиќ по петти пат во кариерата застанува на чело на „гулабите“, што секако дека е раритет во модерниот фудбал.