ВИДЕО: Ова е неверојатно - четири пати ја погоди рамката од голот во пет минути

Втората израелска лига и натпреварот меѓу Петах Тиква и Нез Тзиона (0-1), понуди неверојатна ситуација. 

Фудбалерот Ели Елбаз кој беше резерва и влезе во игра во вториот дел за Нез Тзиона беше вистински трагичар. 28-годишниот напаѓач во само пет минути успеа дури четири пати да ја затресе рамката од противничкиот гол. 

  • Неверојатните промашувања: 

Сепак, Елбаз имаше среќа, бидејќи неговиот тим имаше предност од еден гол и неговите промашувања не беа кобни.