• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Челзи продолжуваат со разочарувачките настапи, откако претрпеа тежок пораз од Брајтон со 3-0 на гостински терен.
Ова беше петти последователен пораз за „сините“, и што е уште позагрижувачки пет натпревари по ред без постигнат гол, нешто што на клубот не му се случило уште од 1912 година. Негативната серија дополнително го продлабочува притисокот врз тимот во финишот на сезоната.
Во моментов, Челзи заостанува седум бодови зад Ливерпул, кој се наоѓа на петтата позиција, што практично ги сведува шансите за пласман во Лига на шампиони на минимум.
Единствена реална можност за спас на сезоната останува настапот во ФА Купот, каде што Челзи ќе се соочи со Лидс во полуфиналето.




