ФОТО: Ова е човекот кој го исфрли Манчестер Сити од ЛШ!

Манчестер Сити доби жестока казна од УЕФА и нема да може да игра во наредните две години во Лигата на шампионите, а причина за тоа е кршење на финансискиот „фер-плеј“ кој е поставен од европската куќа на фудбалот.

УЕФА по истрага одлучи дека Сити е виновен затоа што пријавил фалсификувани примања, односно примил повеќе пари од друга страна отколку од својот главен спонзор „Етихад“. 

Кој е човекот кој го исфрли клубот од Лигата на шампионите? Се работи за поранешниот белгиски премиер, 59-годишниот Ив Летерм, кој ја водеше главната истрага. Истата започна во 2018 година, кога весникот „Дер Шпигел“ објави документи и преписки за скандалот.

Казната за Манчестер Сити почнува од наредната сезона, а клубот покрај што нема да може да игра во Европа, ќе мора да плати и 30 милиони евра. Премиерлигашот може да се жали на одлуката во Арбитражниот суд за спорт во Лозана.