Отворен вториот „Илинден Куп“, пријавени преку 2.000 учесници

И оваа година Општина Илинден е домаќин на меѓународниот фудбалски турнир „Илинден Куп 2024, па од денес до недела Општина Илинден ќе пулсира во духот на спортот. На спортските терени во Марино и Кадино се одржуваат фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир.

Учествуваат околу 160 европски, балкански и македонски клубови, со околу 2.000 деца на возраст од 8 до 12 години. „Илинден 2024“ на фудбалскиот терен во Марино го отвори покровителот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Тој пред голем број присутни љубители на фудбалот го прогласи турнирот за отворен, на гостите им посака топло добредојде, а на играчите им посака убава спортска игра. 

Градоначалникот се заблагодари и на организаторот на турнирот, Фудбалската школа „Гроздановски“, за одличната организација и порача во иднина да се одржуваат што повеќе вакви спортски настани.

На терените во Марино и Кадино се очекува овие три дена публиката да проследи интересни фудбалски натпревари, а прогласувањето на најдобрите ќе биде в недела попладне.