ВИДЕО: Отсуството на ВАР ја спаси Шкендија - недосуден очигледен пенал за Ботошани!

Ако многупати во минатото нашите екипи го повикувале ВАР-системот на европските натпревари, денес баш ни помогна што новата технологија не се користеше во квалификациите на Лига Европа.

Имено, на натпреварот Ботошани - Шкендија, главниот судија Ал Хаким од Шведска во 25. минута не досуди најстрога казна на Романците, при водство на македонскиот претставник со 0-1. Ашковски беше срушен од Павиќ, а судијата пресуди прекршок во напад. 

  • Спорниот момент на натпреварот Ботошани - Шкендија: 

Романските медиуми се преполни со критики за шведскиот судија и за УЕФА која делегираше неискусен судија.