Откритието на Ван Гал, Рашфорд подобар од Фалкао, Велбек, Чичарито, па дури и од Меси!

Во рок од четири дена тимот на Манчестер Јунајтед забележа две многу значајни победи, првата против Мидтјиланд со 5-1 во рамките од Лига Европа, а втората вчера со 3-2 во дуелот против англискиот ривал Арсенал.

Предводник на двете победи на „црвените ѓаволи“ беше анонимусот до пред неколку дена, 18-годишниот Маркус Рашфорд, постигнувајќи и на двата дуели по два гола. Притоа Рашфорд на вчерашниот дуел против Арсенал беше прогласен и за играч на натпреварот. 

Момчето кое од својата осма година е член на тимот од „Олд Трафорд“, за 170 минути поминати на теренот во црвениот дрес, постига идентичен број на голови колку што вкупно постигнаа Фалкао, Велбек и Хавиер Ернандез во 37 натпревари одиграни за Јунајтед. 

Статистиката можеби ништо не покажува, а понекогаш знае да биде и грешна, но ова е навистина интересен податок.

„План Б“ напаѓачи на Јунајтед под водство на Ван Гал:

Радамел Фалкао – сезона 2014/15 – 29 натпревари – 4 гола.

Хавиер Ернандез – сезона 2014/15 и 2015/16 – 5 натпревари - 0 голови

Дани Велбек – сезона 2014/15 - 3 натпревари - 0 голови

Маркус Рашфорд – сезона 2015/16 - 2 натпревари, 170 минути - 4 гола.

Понекогаш  талентот на играчите не е пресуден за добра игра. Без разлика колку добро некој игра фудбал, секогаш постои чувар на голот кој уште подобро ја брани својата територија. Таков е случајот со Меси на кого му беа потребни 10 години за да успее два пати да ја затресе мрежата на искусниот Петар Чех, но не и на Рашфорд, кој за само 37 минути го собори резултатот на Меси, против голманот на Арсенал.


Дали на младиот напаѓач на Јунајтед му „проработи“ среќата или навистина станува збор за талент, преостанува да видиме.