Откриено што му рекол Валдес на Клајверт: „Не ми ги допирај мади**та, ќе си го добиеш“

По само 67 дена, Виктор Валдес, се раздели со Барселона, откако ова лето ја доби довербата од својот поранешен клуб и беше назначен за шеф на стручниот штаб на младинската екипа на овој клуб. 

Сепак, неговата соработка во омиелниот тим не траеше долго, а причината за тоа е недоличното однесување на Валдес кон директорот на младинските школи, Патрик Клајверт. 

Холанѓанецот на еден состанок побарал образложение од Валдес за лошите резултати во новата сезона, како и за изборот на фудбалери, по што следуваше бурна реакција на Валдес која за малку не заврши со поголем инцидент. 

По само неколку дена од овој скандал, шпанските медиуми веќе ја открија што точно му реков Валдес на својот поранешен соиграч.

„Не ми ги допирај мадињата, оти ќе си го добиеш. Моите тимови ги правам јас и никој не смее да ми се меша“, биле навредливите зборови кои ги упатил Валдес. 

Два дена по овој состанок, каталонскиот гигант донесе одлука за разрешување на Валдес од функцијата тренер на младинскиот тим.