Откриено што му кажа Пандев на судијата при прегледот на ВАР-снимката

Пандев

Горан Пандев го постигна водечкиот погодок за Џенова на дуелот против Удинезе. Главниот судија Џиакомо Камплоне на момент ја прекина радоста кај македонскиот голгетер.

Славјето на домашните фудбалери зависеше од конечната одлука на ВАР-собата, околу потенцијалната игра со рака на македонскиот репрезентативец. На крај се покажа дека напаѓачот на Џенова не направи недозволен потег при приемот на топката.

Додека траеше прекинот, Пандев му пријде на судијата и му се обрати со зборовите:

„Не ја допрев топката со рака, ти се колнам во моите деца...“.

Погодокот беше потврден, па домаќинот славеше водство уште во осмата минута. Тоа беше четврти погодок за Пандев во тековната сезона.