Откриени бројките: Еве колку навивачи го следеле финалето на „Вембли“ без влезница

Вембли Англија

Менаџерот на УЕФА, кој беше задолжен за организација на финалето на Европското првенство, откри колкава бројка фанови добила пристап на трибините без влезница.

Според последните анализи околу 5.000 навивачи го пробија обезбедувањето и без дозвола имаа можност да го следат финалниот меч меѓу Англија и Италија.

Англиската фудбалска асоцијација работи напорно за откривање на идентитетот на поголемиот дел од нив. За секој кој ги прекршил правилата на однесување ќе следува соодветна казна, која би можела да значи забрана за посетување фудбалски стадиони во годините кои доаѓаат.

Ваквото однесување на фановите доби осуда од англиската јавност. Угледот на организаторот на завршницата на шампионатот беше нарушена, а тоа може да влијае и врз изборот на УЕФА при следни организации на големи фудбалски настани.

Англичаните го загубија финалето по пеналите, кои на италијанската репрезентација ѝ ја донесоа втората европска титула.