Откриена причината зошто Телес го нема во составот на Јунајтед по одличната партија во Париз

Само што дојде, веднаш доби шанса за деби и тоа на тешкото гостување во Париз против фаворизираниот ПСЖ. Но, Алекс Телес одигра одлична партија против „светците“ и многумина сметаа дека во иднина тој ќе биде првиот избор на Оле на левата бековска позиција, но и против Челзи и против РБ Лајпциг тоа место му припадна на Лук Шо.

Фановите секојдневно сипоставуваат „прашалници“ зошто Телес го немаше ниту на клупата за резерви, ако се земе предвид фактот што клубот не соопштил дека е повреден. Оваа „мистерија“ синоќа ја расчисти менаџерот на Јунајтед, потврдувајќи дека бразилскиот бек е заразен со коронавирус.

„Тој доби позитивен тест на корона и е надвор од тимот. Нема симптоми и се надеваме дека наскоро ќе ни се врати“, рече Оле.

Телес е вториот фудбалер на Јунајтед кој оваа сезона има проблеми со новиот вирус, пред него со истиот се зарази и Пол Погба.