Откриена причината за победата на Атлетико: Тимот на Симеоне го наттрча Реал за цели 10 километри

Коке и Саул Нигез
Gol.mk на Супер Куп 2018

Не дека тоа е единствената причина за победата, но се чини тоа беше главната предност на Атлетико Мадрид во Суперкупот на Европа.

Екипата на Диего Симеоне ја прекина доминацијата на Реал Мадрид, прикажувајќи фантастична физичка подготовка. Истата им донесе дури 148,6 истрчани километри, скоро десет повеќе од градскиот ривал, кој застана на бројката од 138,9.

Во дополнителните 30 минути, исто така предноста беше на страната на „јорганџиите“, кои ги наттрчаа противничките фудбалери за три километри.

Коке и Саул Нигез беа лидери со 16 истрчани километри, а потоа следуваа бековите Лукас Хернандез и Хуанфран, па централниот дефанзивец Стефан Савиќ.

Светла точка во бледиот Реал беа Дани Карвахал и Карим Бензема.