• Горан Упале

Нико Ковач е нов тренер на Борусија Дортмунд, потврди германскиот гигант. Тој потпиша договор до јуни 2026 година и ќе го предводи тимот на саботниот натпревар против Хајденхајм во 20. коло од Бундеслигата.
Поранешниот хрватски селектор тимот од „Сигнал Идуна Парк“ го презема во тешка ситуација. Борусија, која минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби од Реал, сега е на 11. место во Бундеслигата, со 22 бода помалку од лидерот Баерн.
Германски „Билд“ ги откри деталите од договорот на Ковач со Дортмунд, еден од најголемите клубови во неговата тренерска кариера. Медиумот пренесува дека поранешниот селектор на хрватската репрезентација ќе има годишна плата од околу 3,5 милиони евра, што е еден милион повеќе од поранешниот тренер Нури Шахин.
Но, тоа не е сè. Наводно, Ковач вклучил тајна кралска клаузула во договорот. Таа ќе се активира доколку Ковач го внесе тимот во Лигата на шампионите, а со тоа ќе добие бонус од 750.000 евра. Дортмунд сега заостанува шест бода зад четвртопласираниот Штутгарт, кој го држи последното место кое води директно во Лигата на шампионите.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.