Откриена клаузула од договорот на Столе: Уште летово може да си замине од Валенсија!

Македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски, летово се реши за нов предизвик во кариерата и се пресели во еден од најславните шпански клубови – Валенсија. Но, постои можност до крајот на овој трансфер период да ја напушти „Местаља“. Звучи чудно, но во договорот меѓу клубот и македонскиот голман имало таква клаузула.

Поточно, Столе во Валенсија се пресели откако сите во клубот очекуваа дека нивниот прв голман Мамардашвили ќе се потпише за некој поголем клуб. Грузискиот чувар на мрежата на Европското првенство уште еднаш покажа за каков калибар на голман станува збор, но, барем засега, нема понуда до Валенсија за неговите услуги.

Тоа значи дека ако Мамардашвили остане во Валенсија и следната сезона, автоматски се активира клаузулата од договорот со Димитриевски, во која нашиот чувар на мрежата може да направи трансфер во друг клуб за обештетување од три милиони евра.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.