Откриен разговорот со кој Погба и Рабио ја расипаа атмосферата во француската соблекувална

Погба

Франција одигра разочарувачки во најважниот момент на Европското првенство. Првиот фаворит за титулата загуби од Швајцарија, која важеше за тотален аутсајдер во осминафиналното соочување.

Како што одминуваат деновите, во медиумите се појавуваат многу нови информации и причини за лошата атмосфера во соблекувалната на „триколорите“.

Јавноста сега дозна и за тензичниот разговор меѓу Пол Погба и Адриен Рабио. Тие се расправаа на заедничката порака на репрезентацијата, што беше само еден од повеќето инциденти кои се споменуваат и се поврзуваат со францускиот национален тим.

  • Погба: „Дали имаш проблем, пријателе? Ако имаш проблем, кажи ми сега. Дали разбираш?".
  • Рабио: „Сите мора да се браниме, да играме футсал".
  • На тоа Погба одговори со насмевка
  • Рабио: „Се смееш пред нас, што значи ова?“.
  • Погба: „Она што го реков - замолчи!“.

Килиан Мбапе го промаши одлучувачкиот пенал против Швајцарците, кој значеше елиминација на Франција од овогодишниот шампионат.