Откриен идентитетот на човекот кој го прекина дуелот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед

Гарсија

Фудбалскиот свет беше во шок поради човекот кој пронајде начин да истрча гол на теренот и да го прекине мечот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНО >>> ВИДЕО: Прв натрапник во ковид-ерата, прекинат мечот во Гранада

Ден подоцна беше откриен идентитетот за пошироката јавност. Се работи за најпознатиот нудист во Шпанија, Олмо Гарсија, кој се смета за легенда во Гранада.

Ваквите постапки во неколку наврати му донесоа казна од властите во Гранада. Како што има изјавено во минатото тој продолжува со овие престапи за да има „мир во светот“ и „спас за луѓето и животната средина“.

Гостите од Англија запишаа сигурна победа и се на чекор од пласман во полуфиналната фаза од натпреварувањето.