Отказ за Хејтинга, Ајакс враќа стар познаник на клупата

Ајакс руши негативни рекорди, а тоа предизвика „земјотрес“ во клубот од Амстердам. По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.

Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.

„Копјаниците“ моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ Ајндховен кои се на врвот на табелата.

Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер. Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.