Откако не се договорија за нова соработка, Фазли по една сезона ја напушти Шкендија 

Самир Фазли и македонскиот фудбалски шампион Шкендија не пронајдоа заеднички јазик и искусниот напаѓач по една сезона ги напушта редовите на тетовчани. 

27-годишникот лани пристигна во Шкендија, потпишувајќи едногодишен договор, а откако истиот истече раководството и фудбалерот не се договорија за продолжување на соработката, па така Османи нема да смета не него за претстојните подготовки за квалификациите за Лигата на шампионите. 

Од редовите на македонскиот шампион му се заблагодарија на Фазли за неговиот придонес во последната сезона и му посакаа голем успех во иднина.