Откако Македонија ја исфрли Италија, Анчелоти откри за кој ќе навива на СП

Откако репрезентацијата на Италија не обезбеди место на претстојниот Мундијал, беше елиминирана од Македонија во Палермо, шокантно вторпат во низа нема да биде меѓу најдобрите на светот.

Поради шокот од Македонија, предводникот на Реал Мадрид кој има италијанско потекло, Карло Анчелоти, откри која селекција ќе ја поддржи во Катар. 

„На Светското првенство јас ќе навивам за Канада. Ова е земја која многу години се немаше квалификувано, а мене ми е втор дом. Ќе бидам во Катар со дрес на Канада“, изјави стручњакот. 

Освен убавата приказна на Канаѓаните кои по долго време се пласираа, Анчелоти има и друга причина да навива за оваа земја. Имено, тренерот од 2014 година е женет со Мериен Барена МекКлеј која е по потекло од Канада, па не треба да изненади оваа изјава.