Отишол да игра за репрезентација и исчезнал, клубот не знае каде е

Истра во рамки на дванаесеттото коло во ХНЛ одигра 1-1 на гости кај Горица на Влатко Стојановски, а екипата од Пула не можеше да смета на Махмуд Абдалахи.

Пред десет дена Абдалахи заминал да игра за репрезентацијата на Мавританија. Беше на терен двапати против Тунис и одигра 88 минути, но по крајот на обврските, не се вратил во клубот.

Тренерот на Истра, Гонзало Гарсија, потврди дека не знае каде е. Се работи за фудбалер кој е во сопственост на шпански Алавес, ама е на позајмица во ХНЛ.

21-годишникот за репрезентацијата дебитира пред три години и има вкупно 13 настапи.