ВИДЕО: Освои топка, помина двајца и даде СПЕКТАКУЛАРЕН гол од ШЕЕСЕТ метри! 

Сензационален гол од шеесет метри во Чемпионшип! Играчот на Лестер, Абдул Фатаву Ишахаку, постигна неверојатен погодок во втората по ранг лига во Англија.

Откако на 25 метри од својот гол ја освои топката, Ишахаку влезе во дриблинг и помина двајца противнички играчи, а кога здогледа дека противничкиот голман е далеку од својот гол се реши да шутира и не погреши за огромна радост на трибините во „Кинг Пауер“.

На крај Лестер извојува триумф од 3-1 над Ипсвич, а голот на Ишахаку сигурно ќе се прераскажува уште долго.