• Мартин Танасковски
Бренан Џонсон влезе во одбрано друштво на фудбалери, како уникат, со два европски трофеи во две сезони.
Џонсон минатата сезона беше херојот на Тотенхем во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед, кога го постигна погодокот што стави крај на долгата суша без трофеј на лондонскиот клуб.
Велшанецот сега повторно е во центарот на вниманието и оваа сезона, откако по јануарскиот трансфер во Кристал Палас успеа да освои уште еден европски трофеј.
Со тоа, Бренан Џонсон стана еден од ретките фудбалери кои во две последователни сезони освоиле европски трофеи со различни клубови.






