• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски игра сезона од соништата во шкотската Премиер лига. Досега штипјанецот постигна 22 погодоци, што е негов личен рекорд, ама и со сигурност во некој од наредните трансфер периоди ќе ја наполни касата на Абердин.
Миовски во Шкотскиот Куп беше двоен стрелец и ја обезбеди победата над Бониринг Роуз. По натпреварот тој покажа дека освен врвен голгетер, е и голем човек. Имено, млад фан на Абердин на трибините имаше знак на кој му го бараше дресот. Детенцето напиша: „Миовски - најдобар на светот! Те молам ако може да го добијам твојот дрес, ти си ми омилен фудбалер! СУИИИ - БМ9“.
Нашиот фудбалер му ја исполни желбата на овој млад навивач, приредувајќи му ден кој долго ќе го памети, а клупскиот фотограф на Абердин го овековечи овој момент.