ВИДЕО: ОСУМ СЕКУНДИ беа потребни Јаремчук да го постигне НАЈБРЗИОТ гол во Украина

20-годишниот Роман Јаремчук со голот за неговата Олександриа на неделното гостување кај Ворскла Полтава, стана рекордер во украинската лига, бидејќи му требаа само осум секунди за да го матира домашниот голман. Натпреварот беше дел од 13. коло на фудбалскиот шампионат на Украина и на крајот заврши со 2-2, иако Олександриа имаше водство од 0-2 , а Јаремчук беше стрелец и на вториот гол.

Претходниот рекорд го држеше Олександер Кошурин, кој на 1 март 2005 година постигна гол за 9 секунди.