Осум гола, а Меси не е стрелец: Интер Мајами го загуби дербито со Чикаго (ВИДЕО)

Натпреварите од завршната фаза на регуларниот дел на сезоната во МЛС лигата носат многу возбудувања и голови. Чикаго ја прекина серијата од пет победи на Интер Мајами и го совлада во неговиот тим со 3-5.

Џеј Д’Авила и Џонатан Динму донесоа на Чикаго убедливо водство пред Томас Авилес да ја преполови негативата. Пред крајот на првото полувреме Роминиг Н’Гесан ја врати предноста од два гола за Чикаго, за финишот инетересен да го направи Луис Суарез со два погодоци. Сепак, тимот на Меси, Бускетс, Алба и Суарез немаше сили за пресврт и загуби откако Џастин Рејнолдс и Брајан Гутиерез ја потврдија победата на гостите. 

  • Извештај од натпреварот: 

Мајами е на четвртото место на табелата во Источната конференција со 56 бода од 31 натпревар, додека Чикаго има 51 бод и е на осмото место.