Осум фудбалери на Вест Хем со симптоми на коронавирусот

Иако се очекуваше дека ширењето на коронавирусот се стопира во Премиер лигата, попладнево ни доаѓа шокантна вест од редовите на Вест Хем Јунајтед. 

Потпретседателот на „чеканите“, Карен Брејди, за британските медиуми потврди дека дури осум членови на првиот тим ги почувствувале симптомите на вирусот ковид-19 и заедно со своите семејства веќе се во изолација.

„Можам да потврдам дека дури осум фудбалери на нашиот клуб ги почувствувале симптомите на вирусот. Истите заедно со своите семејства се во изолација и се во добра здравствена состојба. Но, вирусот носи треска, кивање или кашлање, така што потребни се мерки. Затоа, заразените играчи се во домашен карантин“, рече Брејди. 

Оваа изјава на вториот човек на „чеканите“ крена многу прашина на социјалните мрежи. Дури има и коментари дека се работи за измислица, затоа што наводно Вест Хем бил еден од првите поборници за сезоната во Премиер лигата да се откаже. 

Состанокот на кој ќе се расправа на оваа тема е закажан за трети април, а се шпекулираат многу варијанти, од тоа дека сезоната ќе продолжи во јуни, до такви кои тврдат дека истата ќе биде поништена. 

Досегасамо двајца членови во Премиер лигата беа официјално регистрирани како заразени, членот на Челзи, Хадсон Одои и менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кои веќе го совладаа вирусот.