Остварувањето на сонот е поважно од парите: Колкава е платата на селекторот Гатузо?

Новиот селектор на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, изјави дека за него оваа работа е остварување на мечтата и најави беспоштедна борба за подобри резултати на „аѕурите“. 

Италијанските медиуми открија дека Гатузо се согласил на прилично мала заработувачка за да го преземе националниот тим, прифаќајки годишна плата од „само“ 800.000 евра!

Оваа сума може да се зголеми за уште 200.000 евра ако репрезентацијата успее да се пласира на следното Светско првенство, а во договорот има клаузула и за продолжување на соработката ако тимот бележи успешни резултати. 

Популарниот „Рино“ неодамна го напушти сплитски Хајдук и веднаш го презема националниот тим на Италија, кој се раздели со досегашниот селектор, Лучијано Спалети

Чисто за споредба, Спалети имаше годишна плата од 2,8 милиони евра, а неговиот претходник, Роберто Манчини, заработуваше три милиони евра по сезона.