Остра реакција од Осогово: Против Скопје бевме „силувани“ од судиите! (ВИДЕО)

Екипата на Осогово загуби со 2-3 од Скопје во рамките на четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига. Кочанчани се бесни по овој натпревар и решија јавно да се обратат со соопштение посветено на судиската тројка. 

Тие сметаат дека се оштетени за пенал кој Скопје го доби, но и генерално во текот на целата средба. Осогово на своите профили објави видео снимка од пеналот кој го добија гостите и нагласија дека се бесрамно „украдени“ во оваа средба.

  • Видеото од спорниот момент во Кочани:

Ова беше прва домашна победа за Осогово во новата сезона, а тимот има четири бода по исто толку рунди. Од друга страна Скопје има седум бода на шестата позиција.