Останува „црвено-црн“, но ја менува средината: Лукас Пакета ќе го засили Милан

Милан од јануари 2019 година ќе биде посилен за новиот бразилски репрезентативец, Лукас Пакета. Петкратниот европски шампион ќе плати 35 милиони евра и наскоро и Милан и Фламенго ќе го официјализираат трансферот. 

Фудбалерот за врска на Фламенго ќе ги мине медицинските тестови во Бразил, но ќе го засили тимот на Милан во јануари. Желбата на Пакета да игра во Милан и присуството на Леонардо во преговорите, беа клучна причина во изборот на новата средина.

21-годишниот фудбалер одигра два натпревари за селекцијата на Бразил, а во Бразилерао сезонава одигра 24 натпревари и постигна девет гола.