Останаа десет празни места за групната фаза во ЛШ за сезоната 2022/23

ЛШ

Крајот на сезоната носи голема битка за последните места во еврокуповите. Кога е во прашање Лигата на шампионите, останаа само десет празни места за групната фаза.

Засега познати се 22 учесници во сезоната 2022/23. Завршните кола во најсилните европски лиги ќе ги дадат имињата на екипите кои ќе пополнат дел од празните места.

Квалификациите се играат во период од 21 јуни до 24 август. Претставник од Македонија ќе биде шампионската екипа на Шкупи. Новата сезона ќе започне на 6 септември, а финалето ќе се одигра на „Ататурк Стадиум“ во Истанбул.