Останаа четири кандидати за титулата, еве кога се играат полуфиналињата во ЛЕ

Лига Европа

Оваа недела се доиграа четвртфиналните средби во Лига Европа, што значи дека останаа уште четири тима кои до крајот ќе се надигруваат за титулата.

Виљареал го надигра Динамо Загреб, Арсенал немаше прболеми со Славија Прага, Манчестер Јунајтед покажа класа над Гранада, а Рома ја сочува стекнатата предност од првото гостување кај Ајакс.

  • Прв натпревар: Манчестер Јунајтед - Рома (четврток, 29 април)
  • Прв натпревар: Виљареал - Арсенал (четврток, 29 април)
  • Втор натпревар: Рома - Манчестер Јунајтед (четврток, 6 мај)
  • Втор натпревар: Арсенал - Виљареал (четврток, 6 мај)

Премиерлигашите важат за фаворити во полуфиналната фаза. Минатата година трофејот заврши во рацете на Севиља.

Големото финале е закажано за 26 мај и ќе се одигра во Гдањск.