Осогово започна со подготовки, деновиве најавени првите засилувања

Денес на Градскиот стадион „Никола Мантов“ и официјално започнаа подготовките и тренажниот процес за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток. Откако вчера беше промовиран новиот тренер Кирчо Горгиев кој заедно со играчите и управата имаше состанок, денес ја изврши првата прозивка.

Подготовките во целост ќе се реализираат во Кочани, а планирано е одигрување на четири контролни средби, во кои треба да се подобри формата на екипата.

Првиот тренинг се одржа по мошне студено време, но во позитивна атмосфера. Во следните денови ќе следи доекипирање на ростерот со цел кочанчани да формираат поконкурентен тим.

Осогово презими на претпоследното деветто место со само шест освоени бода во ВМФЛ-Исток.