Осогово во нови походи, зимските подготовки започнаа со полна пареа!

Македонскиот второлигаш Осогово стартуваше со подготовките за пролетната полусезона во Втората фудбалска лига и веќе најави пет пријателски натпревари кои ќе ѝ помогнат на екипата подобро да се воигра пред претстојните предизвици. 

Осогово ќе ги одмери силите со Детонит Плачковица, ФК Аеродром, ФК Беласица, ФК Вардар и Вардар Неготино, а мечевите ќе се одиграат во период од три седмици. Првиот меч е закажан за 24 јануари, а последниот на 13 февруари. 

Кочанчани во есенскиот дел финишираа на деветтата позиција, со 24 освоени бодови. Прв противник во продолжението од сезоната ќе им биде Каменица Саса. Овој меч ќе се одигра на 21 февруари.