Осогово со победа стави печат на подготовките, совладана Каменица Саса

Новиот второлигаш Осогово ги заврши подготовките за претстојните предизвици за во Втората македонска фудбалска лига – Исток, откако во шестиот тест-меч славеше победа од 2-0 (1-0) над тимот на Каменица Саса. 

„Жолто-сините“ до предност дојдоа во 33. минута кога Костовски по левата страна убаво изработи и центрираше во казнениот простор каде што капитенот Коцевски стрелаше за 1-0.

Во вториот дел се играше 65. минута кога Михаилов даде убава топка по десно до Коцевски кој убаво асистираше до Додевски, а овој рутински погоди за 2-0.

Ова беше последен контролен натпревар за Осогово пред почетокот на новата натпреварувачка сезона која ќе биде отворена со мечот од првото коло од Купот против Победа следната среда на стадионот „Никола Мантов“.