Осогово со пет нови засилувања ќе се бори за опстанок во ВМФЛ

Македонскиот второлигаш Осогово ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. На градскиот стадион „Никола Мантов“ беа промовирани пет нови засилувања, а тоа се Грегори Давков, Дамјан Стојковски, Владимир Жоглев, Давид Ристовски и Кристијан Ристовски. 

Тренерот Крсте Крстев ќе има задача да ги подобри резултатите на „жетварите“ и целта ќе биде опстанокот во ВМФЛ. Осогово го заврши есенскиот дел со само осум бода и е на првото место во опасната зона. 

Управата ги повика навивачите и сите од локалната заеднца да дадат поддршка за клубот и со заеднички сили да ја остварат зацртаната цел. Прв предизвик за Осогово во вториот дел од сезоната ќе биде натпреварот против Вардар Неготино, закажан за петнаесетти февруари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.