Осогово се засили со тинејџер од Пелистер

Екипата на Осогово донесе уште едно засилување пред Втората лига - Исток и потпиша договор со битолчанецот Александар Поповски.

Поповски, кој има 19 години и игра на позицијата играч за врска, во Кочани доаѓа од редовите на битолски Пелистер. Претходно настапуваше за младинските екипи на Македонија ЃП и Металург.

Александар Поповски во Осогово се очекува да добие поголема минутажа од онаа во Пелистер и сигурно е дека ќе биде од голема помош во борбата за опстанок во ВМФЛ-Исток.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.