Осогово се засили со голман од Пелистер и дефанзивец од Дрита

Осогово

Второлигашот Осогово активно се подготвува за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Во тимот од Кочани денес пристигнаа уште две нови имиња. Се работи за млади фудбалери на голманската позиција и дефанзивната линија.

Сумер Хасан има 20 години и доаѓа од редовите на Дрита, за да ја зголеми конкуренцијата во одбраната на тимот.

Талентираниот голман Ристе Размоски ќе го напушти Пелистер за да ја продолжи кариерата во тимот од Кочани.

Осогово ќе тргне од седмата позиција на табелата во ВМФЛ - Исток, а во првиот меч во новата година ќе ја пречека Саса.