Осогово се засили меѓу стативите со перспективниот голман Матеј Андов

Екипата на Осогово доведе ново решение меѓу стативите и потпиша со еден од најталентираните голмани во Македонија. 

Во пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, Осогово на својот гол ќе го има перпективниот чувар на мрежата Матеј Андов. 

19-годишниот Андов кој е стандарден репрезентативец во младинските категории (У15, У17 и У19) се очекува да биде големо засилување за кочанскиот второлигаш. Своите фудбалски почетоци ги имаше во редовите на Вардар, каде ги помина сите младински школи, а во последните шест месеци беше дел од тимот на Работнички. 

Осогово презими на седмото место во ВМФЛ-Исток, со 19 освоени бода.