Осогово се раздели со Димитар Иванов

На почетокот од зимскиот преоден рок, македонскиот второлигаш Осогово од Кочани се раздепи со искусниот Димитар Иванов. Овој фудбалер дојде пред неполна година во Кочани од битолски Пелистер и настапуваше за екипата на Сенев во есенската полусезона, во која Осогово се стационираше на средината на табелата. 

Станува збор за 25-годишен искусен играч кој во својата биографија има и прволигашки стаж од деновите кога го носеше дресот на Силекс.

Иванов во својата кариера покрај Пелистер и Силекс, има настапувано и за Тиквеш, Кожуф, Металург, Тетекс, Љубанци, Еуромилк ГЛ и Вардар.

За услугите на Иванов заинтересирани се клубови од Првата и Втората лига, но најблиску е второлигашот Тетекс.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.