Осогово остана без младиот голман Методија Велковски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Методија Велковски, си замина од редовите на ГФК Осогово и во текот на зимскиот преоден рок ќе бара нова екипа.

Велковски играше за тимот од Кочани, со игрите се препорача и во У21-репрезентацијата на Македонија предводена од Благоја Милевски, ама двете страни решија да се разделат.

Чуварот на мрежата веќе има понуди од дома и од странство, а допрва ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Голманот во Осогово пристигна од редовите на Кадино, а претходно го носеше дресот и на младинските селекции на Вардар.