• Мартин Танасковски

Екипата на ГФК Осогово ќе игра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во новата сезона, но ќе биде без еден од играчите кои се „заштитни знаци“ на клубот.
35-годишниот Драган Паунов по долги години меѓу „жетварите“ реши да си замине од екипата и да побара нов предизвик.
Играчот кој игра во дефанзивата беше дел од кочанскиот клуб од 2023 година, а претходно исто така играше за оваа екипа.
Паунов покрај дресот на ГФК Осогово, ги носеше и дресовите на Слога Виница, Саса од Македонска Каменица, Гостивар и Тиверија Струмица.
