ВИДЕО: Осогово конечно се радува на победа, во лудо дерби со ДЕВЕТ гола совладан Росоман

Ако во Кавадарци и Штип се играше само пред еден гол и фаворитите Тиквеш и Брегалница извојуваа убедливи победи над Победа и Слога Виница, во Кочани се одигра највозбудливиот натпревар од седмото коло на Втората македонска фудбалска лига – Исток. 

<<< ПОВРЗАНО - ВМФЛ-ИСТОК: Тиквеш и Брегалница се „распукаа“, неочекуван кикс на Кожуф (ВИДЕО)

Екипите на Осогово и Росоман одиграа лудо дерби на „Никола Мантов“ во Кочани, крунисано со дури девет гола и дебитантска победа оваа сезона на домаќините од 5-4 (2-2).

Уште во раната фаза на натпреварот стрелците се „распукаа“, Росоман поведе по само една минута игра, но домаќините веднаш возвратија и со два гола го презедоа водството. Сепак, на полувреме се замина со егал резултат (2-2), но на самиот старт на вториот дел Осогово повторно се разигра и со два брзи гола ги реши сите дилеми околу победникот на натпреварот. До крајот на дербито гостите иако имаа иницијатива и шанси успеаја само да го ублажат поразот (5-4).

  • Извештај од натпреварот:

За домашниот тим во листата на стрелците се запишаа Иванов, Крлински (2) и Велинов (2), а кај Росоман прецизни беа Дуков, Костовски, Миланов и Стојчев.