Осогово ја засили одбраната со млад дефанзивец на Беласица

Само еден ден откако го потврдија потписот со младиот битолчанец Александар Поповски, екипата на Осогово се пофали со уште едно ново име во својот ростер.

Од денес, тимот од Кочани е посилен со услугите на младиот Никола Спасов, кој во амбициозниот второлигаш пристигнува од редовите на Беласица, а фудбалската игра ја учеше во Академија Пандев. 

20-годишниот дефанзивец е петтото засилување за Осогово оваа зима, по Андов, Истатов, Коцев и Поповски. ГФК Осогово се наоѓа на седмото место во ВМФЛ-Исток. Активностите кај второлигашите исто така стартуваат овој месец, а лигата продолжува пред крајот на февруари.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.