Осогово и Новаци добија второлигашки статус на ждрепката во ФФМ!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја изврши ждрепката за „лаки лузерите“ и влез во Втората македонска фудбалска лига и донесе среќа за две од трите екипи кои загубија во баражите.

Според ждрепката, ГФК Осогово и Новаци ќе бидат дел од Втората македонска фудбалска лига во натпреварувачката сезона 2023/24. Значи, извиси само Влазрими од сите учесници во баражите, затоа што оваа година пет од шесте екипи кои разигруваа за повисок ранг се во ВМФЛ.

Од претходно, Вардар Неготино, Тетекс и Башкими обезбедија второлигашки статус преку баражите и им се приклучија на Победа, Скопје, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, ГФК Охрид, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман и Саса.