Осогово го задржа тимот, ги обнови договорите со 11 фудбалери

Екипата на Осогово обезбеди враќање во Втората лига-Исток, па почна и да обновува договори со актуелните фудбалери кои го понесоа товарот на изминатата сезона и донесоа промоција.

Вкупно 11 фудбалери од актуелниот состав ја продолжија соработката со тимот од Кочани. 

Голманската позиција е пополнета со останувањето на Ѓорѓи Јованоски и Стефан Ковачевиќ. Во дефанзивната линија остануваат Никола Стоиловски, Стефан Спиркоски и Дарио Наумоски. Дел од ГФК Осогово и понатаму ќе биде капитенот Андреј Коцевски, како и неговиот заменик Драган Паунов. Исто така на верност кон клубот се обврзаа Александар Гаврилов, Илија Шуманов и Андреј Рајатовски. И за крај, обновена е соработката и со првиот стрелец, напаѓачот Тоше Манов.

На спротивната страна, дел од клубот повеќе нема да бидат Благојчо Коцев, Филип Ѓорѓиев, Илија Христовски и Стефанчо Цветанов.