Осогово го доведе и младиот Дарио Наумовски

Дарио Наумовски е уште едно од низата нови засилувања за третолигашот Осогово во зимскиот преоден рок. Овој 19-годишен фудбалер на клубот од Кочани му пристапува од второлигашот Партизан Обршани каде што ја мина првата полусезона.

Станува збор за млад фудбалер кој преку настапите во Втора лига „заплови“ во сениорскиот фудбал. Наумовски е играч кој дејствува по десната страна, како крило и бек. По неколку дена минати на подготовките со новио клуб, беше решено да биде ангажиран за пролетниот дел од сезоната.

Како младинец, својата кариера Дарио ја градел во екипите на Победа и Металург.