• Саше Љолес

Македонскиот второлигаш Осогово од Кочани ги започна подготовките за сезоната 2025/26 во која ќе има многу поголеми амбиции и желба за што подобар пласман на табелата.
Стручниот штаб веќе го одржа првиот тренинг со играчите, а беа присутни и новите засилувања, Христијан Митревски и голманот Филип Лазаревски. Наскоро се очекува промоција и на Христијан Поп-Антовски, кој ќе пристигне од тимот на Детонит Плачковица.
Осогово минатата сезона со многу среќа го сочува второлигашкиот статус, па затоа сите во тимот имаат желба да се претстават во многу подобро светло. Стручниот штаб останува предводен од тренерот Крсте Крстев, а главната цел ќе биде директен и сигурен опстанок во второлигашкото друштво.
Формата ќе се темпира со пријателски средби против Брера Струмица, Вардар Неготино, Каменица Саса, Тетекс, Детонит Плачковица и Беласица. Новата сезона во ВМФЛ започнува на 23 август.
