• Саше Љолес

Второлигашот Осогово ги започна зимските подготовки за останатиот дел од сезоната, а воедно се пофали и со три нови засилувања.
Тренерот Крсте Крстев отсега во тимот ги има напаѓачот Филип Димосски, левото крило Стојан Велинов и дефанзивецот Алпај Јусуф, кои треба да ја збогатат играчката ротација во пролетниот дел од сезоната.
Подготовките започнаа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, и ќе се работи на тактичко-технички детали кои можат да ѝ помогнат на екипата за успешни резултати. Осогово закажа и неколку пријателски натпревари, а противници ќе бидат екипите на Беласица, Детонит Плачковица, Вардар, Вардар Неготино и Аеродром.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

